Слајон Комерц нуди широк спектар на услуги и интегрирани логистички решенија, создадени по барање на клиентите. Со својот капацитет, технологија и квалитет, сме во состојба да одговориме на барањата на денешниот пазар и да понудиме комплетна услуга на едно место.

Меѓународен товарен сообраќај

Слајон Комерц е ваш доверлив партнер во патниот транспорт.

Без разлика дали се работи за полно оптоваруваше или опсег на стоки ние сме во состојба да ви понудиме транспортни услуги на било која дестинација во Европа или во Македонија, по конкурентни услови.

Ние сме свесни за тоа колку е важно нашите клиенти да ја имаат нивната испорака во право време и на право место, затоа квалитетот за нас е на прво место.