Ретко кој може да оддолее на мирисот на еспресото на самиот почеток на денот. Меѓутоа што е всушност оваа мешавина? Судејќи според списанието Popular Science, еспресото може многу тешко да се дефинира и разбере.
„Иако можеби е чудно, но вусшност не постои вистинска дефиниција за тоа што е есппресо. Постојат само одредени елементи за кои експертите се сложуваат, но не постојат правила и упатства“ се наведува во списанието.
Експертите за еспресо сепак истакнуваат дека за совршена шолја, ви се потребни: концентриран, густ, пијалок базиран на кафе со слој на густа пена, направено во машина која испушта врела вода под притисок во сад кој содржи фино мелено кафе. Гледано од друг аспект, еспресо не е: врста на зрна кафе, иста работа и другите кафиња и дефинитвно не е дефиниција која може да се научи. Иако е тешко да се дефинира што всушност е еспресото, а што не е, експертите се согласуваат дека тоа не може да биде добиено од апарат чија цена е помала од 1000 евра, поради тоа што евтините модели на апарати не се во состојба да создадат доволен притисок, сила и константна температура, потребна за да се создаде совршена шолја еспресо.
Smithsonian пак во своите истражувања наведува дека постои и еден клучен елемент во целиот микс, а тоа е човекот. Во послените децении, апаратот за еспресо постојано се унапредува, одредени мерења сега ги врши компјутер, но како и кај сите останати работи во животот за кои сметаме дека се совршени и идеални, потребно е малку повеќе од наука и технологија. Позади совршено напревно еспресо стои и уметник, шанкер, бармен, затоа таа совршена шолја еспресо зависи од четири М:
- Macchina – апарат за еспресо
- Macinazione – правилно мелење на зрното кафе
- Miscela – мешање на кафето и негово печење
- Mano – искусната рака на барменот